ЗА НАС

TWINS

<- Врати се назад

Уникатноста дизајнот и концептот се трите елементи кои не прават различни од другите. Твинс ресторанот се изгради врз двоен концепт: салад бар и винотека. Во салад барот ќе може да се дегустираат здрави специјалитети и смути, додека во винотеката гостите ќе можат да се опуштат во малку погурмански вкусови. Се обидовме да бидеме различни преку презентација на храната нудејќи им на гостите ново искуство: дегустација на салати, десерти и кафе во тегла.

Што се однесува до дизајнот, дрвото и металот се водечките елементи кои совршено се совпаѓаат со ѕидовите од стара тула и калдрма, додека терасата нуди неповторлив комфорт и пријатна атмосфера каде што гостите можат да уживаат во нашите нашите специјалитети придружени со македонски вина и коктели. Единствено што преостанува е да не посетите и бидете дел од едно неповторливо искуство.